Македонија
15. August 2015 - 13:12

Дете преживеало струен удар во Гевгелија

На железничката станица во Гевгелија, поточно на местото каде има вагони во резерва, синоќа се случила страшна несреќа.

Според податоците, 12-годишен малоелтник од Авганистан околу 17 часот се здобил со повреди од струен удар. Од страна на Црвен Крст лицето било веднаш однесено во ЈЗУ Општа Болница –Гевгелија за укажување на лекарска помош.

Родителите на малолетникот во полиција изјавиле дека не забележале како дошло до електричниот удар.