Живот
4. September 2015 - 21:13

Дете од Сирија испрати порака до цела Европа!

Интервјуто со 13-годишното дете од Сирија со неверојатна брзина се шири низ социјалните мрежи.
 
Ал Џезира го интервјуирала Кинан Масалмех во Будимпешта, а момчето го објаснило она што многумина не можат да го сфатат за граѓанската војна во Сирија.
 
Кинан побегнал со својата сестра од градот Дера.
 
- Ве молиме помогнете им на Сиријците. На Сиријците им треба помош, ние не сакаме да останеме во Европа, само запрете ја војната, - изјавил Кинан.