Дете од градинка во Свети Николе позитивно на коронавирус
Во градинка во Свети Николе е регистриран прв случај на дете позитивно на коронавирусот. Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски истакна дека детето не се заразило во градинката, туку надвор од неа, а по овој случај останатите деца во групата заедно со воспитувачката и негователката се во изолација.
-Во групата се четири деца, а според епидемиолозите во градинка можат да се вратат на 1 Октомви. Децата и вработените кои се во изолација немаат никакви симптоми, но пред повторно да се вратат во градинката, најверојатно ќе бидат тестирани, вели Велковски.
Во изминатиот период од отварањето на објектите на градинката во Свети Николе регистрирани се вкупно три случаи на Ковид-19 кај вработени. Во штипските градинки „Вера Циривири-Трена“ и „Астибо“ не е регистриран ниту еден случај на позитивен на коронавирусот кај деца или вработени, а секој сомнителен случај согласно дадениот алгоритам се тестира.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа