Македонија
31. May 2021 - 16:36

Дете и девојка нападнати од рој пчели во градскиот парк

Ова не е сцена од филмот „Мојата девојка“ со Меколи Калкин. Ова е вистинска случка која на Александра и нејзниот шест годишен внук им се случи во саботата претпладне на велосипедската патека на кејот на Вардар.

Александра вели дека до саботата воопшто не знаела дека тука, на патеката на која постојано има деца, има сандаци со пчели кои припаѓаат на Инстиутот за сточарство. На ова место нема никакво преупредување ниту за пчелите, ниту за тоа кога ги пуштаат. Александра со внукот трчала до другиот крај на паркот каде на помош им дошол случаен минувал.

Инвеститор на игралиштето е град Скопје. Град Скопје ги прати сите безбедности аспекти и прописи за време на вршењето на градежните работи на сите објекти и инфраструктура во наша надлежност, како и по отворањето на истите. 

На самите патеки во Градскиот парк не е потребно поставување на посебни знаци, бидејќи истите се на безбедна оддалеченост, никогаш не сметале а и досега никој не пријавил проблем од оваа природа, велат од град Скопје.