-->
-->
Дете го заклучило Ајпадот на татко му до 2067 година
-->

Њујорчанецот Еван Оснис на Твитер побара помош, откако неговиот тригодишен син му го заклучил мобилниот телефон до 2067 година.
– Ова изгледа лажно, но сепак, ова е нашиот Ајпад денеска, откако нашиот тригодишен син „се обидуваше“ (повеќепати) да го отклучи. Идеи?, гласи објавата на Оснис.
Пораката на екранот гласела: „Обидете се повторно за 25.536.442 минути“. Тоа се 48 години.
Меѓу советите од типот „Стави го во вреќа со ориз“ и „Времепловот ти е најдобра варијанта“, дојде и вистинското решение. Централата на Епл се јави со опцијата да се отстрани проблемот, но со опасност податоците на таблетот да бидат загубени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Православните христијани го одбележуваат Велики петок, најтажниот ден во годината
-

Велики Петок - Создателот пострада за своето создание, за да го спаси и да му ги искупи гревовите
-

Велигденските празници го наполнија Охрид
-

Екипажот на „Артемис“ вечерва се враќа на Земјата: критичен момент при влез во атмосферата
-

Пациентите со дијабетес алармираат за недостиг од терапија и сензори
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Велигденски поскапувања
-

Цените на нафтата повторно растат, Иран обвини дека договорот за примирје не се почитува
