Македонија
4. March 2019 - 16:57

Деталите од посетата на папата Франциск на 7 мај се чуваат во најголема тајност

Католичката црква во Скопје ги држи во тајност деталите од најавената посета на папата Франциск за мај оваа година на Македонија.

Поради безбедносни причини голем ден од информациите за протоколот се водат како квалифицирани, но она што засега е познато е дека главниот настан од посетата на Папата ќе се случува на градскиот плоштад во Скопје во присуство на голем број гости од државата, но и верници Католици од регионот.
 
Иако засега не е потврдено, сепак сосема извесно е дека Франциск на градскиот плоштад ќе служи и миса посветена на мирот. За тој настан, нефоцијално се пшодготвуваат и специјални елементи, за кои не се откриваат детали.
 
Франциск треба да слета на скопскиот аеродром на 7 мај од Софија, каде претходно два дена исто така ќе биде во посета на Бугарија.
 
Негов официјален домаќин во Македонија ќе му биде претстедателот Ѓорге Иванов, на чија и покана Папата доаѓа. Иванов практично својот претседателски мандат ќе го заврши со средба со Папата. Иако на денот кога Франциск ќе биде во посета на Македонија, ќе има избрабрано нов претседател, но Иванов на функцијата ќе биде до 12-ти мај.
 
Протоколот за посетата на Папата, во кој се предвидени и средбите го води Католичката Црква и координативно тело од државата. Извесно е дека освен до државниот врв, Франциск во еднодневната посета ќе има средби и со претставницте на останатите верски заедници, меѓу нив МПЦ и ИВЗ.