Македонија
15. јуни 2017 - 15:22

Детали за земјотресот што утрово ги вознемири скопјани

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје,
на 15.06.2017 год., регистрира земјотрес чиj епицентар се наоѓа во скопското епицентрално подрачје.
 
Земјотресот се случи во 6 часот и 7 минути со Рихтерова локална магнитуда 2.5. Според досегашните податоци, земјотресот беше најсилно почувствуван во селата на јужните падини на планината Скопска Црна Гора, и тоа во Чучер
Сандево, Кучевиште, Мирковци со интензитет од III-IV степени според Европската Макросеизмичка Скала а на подрачјето на град Скопје со интензитет од III степени според истата скала.