Детали за вториот земјотрес во Скопје
Попладнево земјотрес со јачина од 2,5 степени го погоди Скопје.
Земјотресот е регистриран точно во 15.23 часот по локално време и бил на длабочина од 1 километар.
Епицентарот на овој втор потрес денеска е на 4 километри јужно од Скопје, 1 километар северно од Сопиште и на 2 км. западно од Усје.
Првиот потрес беше утрово во 08.03 часот во скопскиот регион.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава на 2.2.2018 година регистрирше два почувствувани земјотреса.
Првиот во 2 часот и 26 минути кој потекнува од охридското епицентрално подрачје со епицентар на 10 километри источно од Охрид со Рихтерова магнитуда 2.1 а беше почувствуван од населението во Охрид и неговата непосредна околина со интензитет III степени според Европската макросеизмичка скала.
Вториот во 8 часот и 3 минути кој потекнува од скопското епицентрално подрачје со епицентар на само неколку километри источно од централното градско подрачје и Рихтерова магнитудаод 2.4 а беше почувствуван од населението во Скопје и околина со интензитет III степени според Европската макросеизмичка скала.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста