-->
-->
Детали за убиеното дете во Куманово
-->

По немилиот настан кој се случи неодамна во кумановската Дива населба, кога полицијата се судри со терористичка група при што се пролеа крв, уште една трагедија ги зави жителите во црно. Седумдесет и едногодишен човек е убиен, а неговиот син се бори за живот на скопските Клиники, откако во нив пукал нивниот поранешен зет со кој им биле расипани односите. Како што пишува Утрински, на улицата Тоде Ментол, осовецот Бекир Незири, кој со години живеел во Швајцарија, дошол во куќата во Куманово каде што живеела неговата поранешна сопруга и со огнено оружје го убил дедото Риза Р. (71), а тешко го ранил шурата А.Р. (29), по што побегнал.
Младото момче кое се здобило со поврди се наоѓа во критична состојба. Обвинителството издаде наредба за прибирање траги од самото место, извршување на потребните вештачења, како и за обдукција на убиениот маж.
- „Риза беше толку добар човек што на мува не газеше. Го знам половина век, сме делеле добро и лошо, нестварно ми е дека сега го нема, не ми се верува дека вакво нешто може да му се случи на семејство како неговото“, велат соседите за Утрински и додаваат дека поранешниот зет лошо се однесувал и со сопругата и со своето мало дете кои во моментот на кобната несреќа биле во куќата.
Ова е втор немил настан во кумановската Дива Населба за кратко време. Сите жители се потресени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Зеленски повторно бара членство во НАТО, според него тоа е гаранција за безбедност
-

Уапсен возачот кој возеше во спротивен правец на „Партизанска“ | ВИДЕО
-

Ѓорѓиевски: Уреден просторот кај жичарницата на Водно, обновени клупите и летниковците | ФОТО
-

Приведени девет возачи, петмина управувале возило без положен возачки испит
-

Безживотно тело на 38-годишен маж со прострелна рана пронајдено кај Смилковци
-

Мицкоски: Даваме сè од себе да реализираме проект повеќе и да создадеме подобри услови за живот на граѓаните
-

Франција стравува од ескалација на протестите, 70.000 полицајци и жандарми распоредени на улиците
-

54-годишник од Куманово истурил две шишиња бензин во семејниот дом и се заканувал дека ќе ги запали ќерката и внуката
