Балкан
5. January 2018 - 11:43

Детали за страотната трагедија во која изгореа две бебиња: Откриена вистинската причина за пожарот, мајката била во куќата кога избил

Двете деца на возраст од две години и година дена, кои настрадаа на 30 декември 2017 година во селото Породин кај Жабари, починале од труење со јаглерод - моноксид.

Иако до сега се веруваше дека пожарот во куќата го предизвикале сијаличките на елката, сепак причина за пожарот е расипаниот радио апарат.

Нивната мајка Милица М. (18), наводно кобното утро излегла да ја нахрани стоката, но се утврдило дека сепак била во куќата, во другата соба. 

Хорор во куќата

- Наводно пожарот избил на радио - апаратот кој бил во склоп на брачниот кревт. Пожарот избил во спалната соба, па се проширил на другите две простории. Се верува дека пожарот избил поради староста на радиото и неисправната инсталација. Мајката била во другата соба и готвела ручек, а кога слушнала вресоци и го видела чадот, се стрчала кај соседите да повика помош. Со оглед на тоа дека станува збор за мали деца, тие не можеле да се извлечат од куќата што горела, па се задушиле. Во моментот кога врз нив паднал запалениот покрив од куќата, дечињата веќе биле мртви, вели извор од истрагата.

Се доселиле пред кратко време

Таткото на несреќните деца во моментот на несреќата бил во шума и сечел дрва. Инаку Мартин Ј. и Милица М. во селото Породин се доселиле неодамна, кога него го посвоил некој локален жител кому му била неопходна помош во куќата.