-->
-->
Детали за сообраќајката на патот Куманово - Крива Паланка
-->

Поради сообраќајна несреќа, затворен е за сообраќај магистралниот пат А2 Куманово - Крива Паланка, кај кривопаланечкото село Псача.
Според податоците од Министерството за внатрешни работи, сообраќајката е пријавена во Полициска станица од општа надлежност Крива Паланка во 13 часот и 57 минути. Сообраќајката се случила кај селото Псача, општина Ранковце, помеѓу две патнички моторни возила, од кои едното е со регистарски ознаки од Република Бугарија.
МВР информира дека увидот е се уште во тек.
Како што соопшти Автомото сојузот на Македонија, сообраќајот е во прекин од 14:30 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Се реализираат активности за враќање на редот и достоинството на главниот град - велат од Град Скопје
-

Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
-

17-годишник од Карбинци тешко се повредил при пад од коњ
-

Серена и Венус Вилијамс ќе играат двојки на Вимблдон
-

Трамп: Русија треба да се согласи на договор со Украина
-

Кремљ: Путин не доби официјална покана да присуствува на преговори на Самитот на Г7
-

Бебе оставено на клупа во парк во Шуто Оризари
-

Работник на гостиварски Комуналец починал откако заглавил во канал за вода
