Детали за сообраќајката која ја потресе Македонија: Почина цело семејство
Сопружниците Ѓорге.С. (61) и Ратка.С. (56) со нивната снаа Александра.С. (28), од Кичево, се жртвите во сообраќајната несреќа што се случи синоќа на магистралниот пат Гостивар - Стража во судар на две возила. Загинатите биле патници во возило „опел астра“ со охридски регистарски ознаки кое го управувувал нивниот син и сопруг на Александра, 31-годишниот Н.С. од Кичево.
Како што соопшти МВР, сообраќајката се случила околу 19 часот на излезот од Гостивар, кај ресторан „Панорама“, помеѓу опелот и „мерцедес“ со национална ознака на Црна Гора, управуван од 55-годишниот В.Е. од селото Раотинце, Тетовско.
На местото на несреќата загинале Ѓорге и Александра, додека Ратка починала на пат кон болница. Синот, возач бил пренесен во гостиварската болница каде му е укажана медицинска помош и е задржан на лекување.
Возачот на мерцедесот 55-годишниот В.Е. е македонски државјанин, по потекло од селото Раотинце, кој повремено претстојувал во Црна Гора. Во несреќата тој добил полесни повреди и е задржан во полициска станица.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар. По наредба на Јавен обвинител, телата на починатите се предадени на обдукција.
За време на увидот од 19:20 до 21:20 часот сообраќајот на магистралата Гостивар - Кичево беше во прекин поради што настана застој со долги колони возила.
Ова е најтешка сообраќајна несреќа во Гостиварско годинава со најголем број жртви.
Ново на Сител
-
СДСМ: Додека државата тоне, партиите во Владата се караат за ресори и тендери
-
63 општини досега доставиле 450 проекти за финансиска помош од државата
-
На повидок воспоставување на голема соработка помеѓу прилепската општа болница и Универзитетскиот клинички центар во Лозана
-
Преглед на вестите од светот
-
Снопче: Aкo Мицкоски каже да ја напуштиме Владата, веднаш ќе го сториме тоа
-
Тема на денот со Халил Снопче, пратеник од Алијанса за Албанците
-
49 осомничени во акција на ОЈО ГОКК и МВР
-
Три ипол години затвор за Стевчо Јакимовски