Македонија
28. November 2016 - 19:31

Детали за собраќајката на патот Штип-Радовиш - Две лица загинаа има и повредени

Две лица загинаа, а неколку се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи попладнево во 17:50 часот на патот Штип-Радовиш кај месноста викана Пилав Тепе, во која учествувал автобус на „Струмица експрес“ и патнничко моторно возило, информираат од МВР.

Според МВР, на лице место починал возачот на возилото К.Т(1973), како и сопатничката во автомобилот која се уште не е идентификувана.

Повредени се неколку лица кои се превезувале со автобусот. Увидот е во тек, а сообраќајот е во прекин.