-->
-->
Детали за несреќата: Еден загинат и двајца повредени во сообраќајка на патот Струмица - Просениково
-->

П.А. (32) од Струмица, управувајќи патничко возило „Волксфаген Шаран“, синоќа, на локалниот пат Струмица - село Просениково, изгубил контрола поради неприлагодена брзина и удрил во бетонски столб, а потоа и во метална врата од дворот на поранешниот објект на Македонската радио дифузија.
Според МВР, незгодата се случила околу 20 часот, а од повредите што ги стекнал, еден од сопатниците починал.
П.А. и сопатникот Р.А. се повредени, додека М.М. (35) од Струмица, им подлегнал на повредите на пат за Медицинскиот центар Струмица починал.
П.А. и Р.А. се пренесени и задржани на лекување во Медицински центар Струмица.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Струмица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Државниот врв очекува конструктивен дијалог со новата бугарска влада
-

Од полноќ горивата поевтинуваат за 1,5 денар
-

Обвинителството тврди: Парите се на Ристов
-

Обвинетите полицајци тврдеа дека не знаеле дека казните ги издавале на неактивна фирма, наместо на „Пулс“
