Македонија
1. February 2018 - 20:56

Детали за инцидентот вечерва во Ченто - приведени се 15 лица

Вечерва околу 19:35 часот на улицата „А. Авдовиќ“ се случила тепачка помеѓу две групи, при што едната го каменувала автобусот со број. 65 кој сообраќал на релација Транспортен Центар - Брњарци.
 
 Од каменувањето искршени биле 4 стакла од вториот спрат на автобусот.
 
Во полициската станица Гази Баба приведени се 15 лица од двете групи.