Македонија
22. February 2018 - 16:29

Дескоска му ги одзеде ингеренциите на Таравари во образованието

Арбен Таравари нема да може да разрешува и именува директори во училиштата во Гостивар. Министерката Дескоска му ги одзела ингеренциите на градоначалникот во делот на образованието поради неколку одлуки на просветниот инспекторат. Таа ја потврди одлуката во одговор на пратеничко прашање од сопратиецот на Таравари – Сурија Рашиди кој обвини дека централната власт намерно ја попречува работата на градоначланикот.

-Десковска вели дека од дописот исперкторатот потврдил во повеке наврати незкаонско разрешување и именување на директори во училиштата во Гостивар 

И Таравари смета дека одлуката е политичка.

- Денес Заев ги зема ингеренциите од општина Гостивар и и ги даде на ДУИ. Истото се случи и во 2010 година, меѓутоа тогаш Груевски го направи истото.  Каде е резликата меѓу 2010 vs 2018 година?! Менталитетот, кој не мисли како нас треба да се уништи! Секоја чест, баш “општество за сите”, напиша Таравари на Фејсбук.

Седницата за политички прашања овој пат помина без големите политички теми. Единствено Бујар Османи одговори на прашањето за законот за јазици. Според него тие што го поддржувале законот јасно покажувале дека се за ЕУ и НАТО, додека оние кои се против се всушност против државата.

Алаѓозовски пак, одговараше на обвинувањата дека во годишната програма за култура имало малку пари за развој на албнаската култура. Тој обзнани дека министрите Албанци вчера правеле анализа на документот и процениле дека за оваа намена се дадени четирикратно повеќе пари. Повтори дека информациите за злоупотреби се проверуваат и дека некои членови од неговиот кабинет веќе се сменети.

Заев најдетално одговараше на сопартиецот Тунтев околу заштитата на Охридското езеро со цел да се исполнат условите од Унеско и ова подрачје да остане заштитетно

Премиерот вети и надгробен споменик за Есма Реџепова. Премиерот добиваше само пофални зборови за одговорите кои ги понуди на паралментарното мнозинство.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не учествуваа и на оваа седница за пратенички прашања поради бојкотот на парламентот за притворените од 27 април.

- „Правдата ќе биде задоволена само тогаш кога судот ќе ги ослободи и останатите неосновано притворени патриоти кои без никакви аргументи веќе трет месец се држат во затвор“, напишаа од опозициската партија.