Дескоска: Министеството за правда нема надлежност, ниту може да се меша во разрешувањето на судиите

Министеството за правда ниту има надлежност, ниту може да се меша во изборот и разрешувањето на судии, рече министерката за правда Рената Дескоска одговарајќи на новинарско прашање во врска со посочените четворица судии во Посебниот извештај на СЈО.
- Надлежност на Министерството за правда е да создава критериуми за избор и разрешување на судии. Ние очекуваме, како што очекуваат и сите граѓани Судскиот совет да си ја врши професионално работата и дека ќе ги земе предвид сите укажувања, сите факти и докази што ги даваат релевантни институции во Република Македонија, рече Дескоска пред денешната дебата за Предлог-законот за спречување на корупцијата и судир на интереси.
Таа посочи дека во моментов се работи на последниот пакет измени на Законот за судови и Законот за судски совет што ќе биде испратен до Венецијанската комисија, па повторно и во Парламентот, а ќе биде разгледуван во Советот за реформи во правосудството.
Специјалното јавно обвинителство во последниот Посебен извештај објави дека поранешната претседателка, а сега член на Судскиот совет, Александра Зафировска, претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски, судијката во Вишиот управен суд, Светлана Костова и судијката од скопскиот Кривичен суд, Софија Лаличиќ постапувале несоодветно по директни политички нарачки, што е утврдено врз основа на прислушуваните разговори и смс-комуникаците што ги поседува Обвинителството.
Ново на Сител
-

Горивата остануваат најевтини во регионот, опозицијата предупредува на „финансиски крах“
-

СДСМ го промовира фронтот за вистина и правда - најави закон за нулта толеранција на корупција
-

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителката Коларевиќ ги спасува кадрите на СДСМ и ДУИ
-

19-годишник уби 18-годишник со пиштол, заврши зад решетки
-

Метеоропатитите најмногу погодени од честите временски промени
-

Инвестиции на истокот - Мицкоски во Виница
-

Преглед на вестите од светот
-

Туристите од Германија најбројни
