Дескоска: Македонија продолжува со реформите

Македонија нема да запре на патот на реформите. Тие не се само формално исполнување на стандардите за пристапување кон Европската унија, туку за доброто на граѓаните на нашата држава. Тоа се очекува од нас - борба против корупција, ефикасен и ефективен правосуден систем, рече денеска министерката за правда Рената Дескоска во обраќањето на Министерскиот форум за правда и внатрешни работи ЕУ - Западен Балкан што се одржува во Тирана.
Дескоска истакна дека Македонија ја следи реформската агенда утврдена во Стратегијата за реформи во правосудството 2018-2025 година, почнувајќи од реформите за јакнење и гарантирање на независноста на судството, до реформите што треба да ја подобрат ефикасноста на судството. Согласно Стратегијата и Планот 3-6-9, најави измени на Законот за судовите и на Законот за Судски совет.
- Во таа насока се идните реформски активности со кои треба да се зајакне независноста, непристрасноста и одговорноста на судството на нашиот пат кон европската интеграција. Поголемо ниво на ефикасност на судскиот систем ќе го унапреди квалитетот на заштитата на човековите права и ќе го зајаке владеењето на правото, а зајакнатата транспарентност на правосудните институции ќе ја врати довербата на граѓаните во судството, рече Дескоска.
Покрај министрите за правда од регионот, на форумот присуствуваа и комесарката за правда на Европската унија, Вера Јурова, како и австрискиот министер за правосудство Јозеф Мозер.
Ново на Сител
-

Повеќе од 150 организации бараат од „Амазон“ и „Ибеј“ итно да ја запрат продажбата на играчки со вештачка интелигенција
-

Со сослушување на сведоци на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Најмалку две лица загинаа, а 22 се повредени во руските напади врз Запорожје
-

Магла кај Попова Шапка, сите државни патишта проодни
-

Сончево и постудено
-

Зеленски повторно побара Украина да стане членка на НАТО
-

Мерц ја повика Русија да запре со „опасните провокации“ откако паднаа три ракети во Полска
-

Татко и син истепале лекар и медицинска сестра во поликлиника „Јане Сандански“
