Македонија
28. August 2019 - 16:10

Дескоска има план „Б“, Заев верува во договор

Премиерот Заев се уште верува дека власта и опозицијата до петок ќе најдат заеднички јазик за Законот за јавното обвинителство. На два дена пред стартот на пленарната седница на која овој закон влегува по скратена постапка премиерот порачува: да постигнеме консензус за да не бараме решенија до касно во ноќта и рано наутро

Вчера министерката Дескоска најави дека ако законот за јавното обвинителство не обезбеди двотретинско мнозинство власта ќе го активира планот Б и измените ќе ги носи преку Законот за советот на јавни обвинители за чија измена е потребно апсолутно мнозинство од 61 пратеник.

За опозицијата Дескоска е симбол на омразата и желбата за одмазда кон ВМРО-ДПМНЕ. Опозицискиот лидер денеска од Берово порача дека  единствено што очекува од министерката за правда е час поскоро да си поднесе оставка.
Измените во законот за јавното обвинителство со кои треба да се продолжи животот на СЈО доаѓаат во време кога јавната обвинителка во притвор чека да заврши истрагата за случајот рекет каде што таа е една од осомничените. Во медиумите се провлекуваше и името на премиерот Заев но обвинителката Рускоска вчера демантираше дека во исказот на Орце Камчев се споменувале имиња на политичари.

Заев пак вели дека до сега не добил покана да сведочи за рекет, порачувајќи дека во секое време е подготвен да се јави во обвинителството.