Десетта јубилејна победа на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски
Македонија вечерва ја прославува 10-тата јубилејна победа на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Откако и ДИК ја потврди победата, која се случи по двегодишна тешка криза, граѓани, симпатизери и членови на ВМРО-ДПМНЕ победата ја прославуваат на плоштадите во сите градови во државата.
Победи ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата, победи и Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ на овие избори имаше исклучителен тежок противник затоа што тоа не беше само СДСМ и тоа сите го знаете и затоа оваа победа има посебна тежина и важност, особено ако се погледне низ што се минавме минатите 2,5 години и како партија и како држава, оцени вчера Груевски.
Ова е 10-та изборна победа на ВМРО-ДПМНЕ и десетти пат по ред мнозинството граѓани гласаа и со најголем број гласови го поддржаа ВМРО-ДПМНЕ и програмата, визијата, тим и начинот на кој што ВМРО-ДПМНЕ работи и сака да продолжи да работи. Ќе работиме оваа подршка да ја што ВМРО-ДПМНЕ оправдаме и да не ги изневериме, додаде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заблагодарувајќи се на сите гласачите, како и на членството на ВМРО-ДПМНЕ и на членовите на сите партии во коалицијата.
-Кризата мора да заврши и Македонија мора да оди напред, тоа ќе биде наша цел овие денови и недели- оцени Груевски, кој најави процес на формирање коалиции и влада.
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија секогаш ќе бидат со народот со граѓаните и ќе работат во корист на државните и националните интереси, нагласи Груевски.
-Како и да се свртат работите, што и да се случува, ова го кажуваме и пред, а сакам да го кажам и после изборите, дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш била и ќе остане на линијата на државните и национални интереси и во корист на граѓаните на Република Македонија- порача Груевски.
Ново на Сител
-
Лошиот квалитет на водата ги одложи маратонските трки на СП
-
Баро: Ќе воведеме санкции кон Иран ако до август нема напредок во нуклеарниот договор
-
Граѓанската иницијатива Зелен хуман град ја поздрави пресудата за убиството на кучето Феликс
-
Приведено едно лице од Куманово поради управување моторно возило под дејство на алкохол
-
Во Србија од октомври го зголемуваат минималецот на 500 евра
-
За кокаин и убиства по нарачка шестмина членови на криминалната група Грчец осудени на вкупно 50 и пол години затвор
-
УХМР: Следните два дена топло, потоа локален пороен дожд и ветер
-
Нелегално оружје и муниција одземени од стружанец, за дел поседувал дозвола