Македонија
9. јуни 2021 - 16:33

Десетици документи кои се вадат со недели потребни за да се аплицира за ваучерите за годишен одмор

Куп документи за добивање на туристички ваучер, реагираат граѓаните. Изјава заверена на нотар, извод од матична книга на родените и извод од банка, потврда од АВРМ за невработените членови на семјеството, барање - ова се само дел од документите кои граѓаните со ниски примања треба да ги обезбедат за да аплицираат за ваков ваучер. Иако рокот за аплицирање е до 30 јуни, од економија засега не планираат да ја упростат постапката.

- Заложбата на оваа Влада е транспарентност, отвореност и почитување на сите процедури. Ние не можеме без процедури да делиме ваучери зашто тоа се средства на сите граѓани во државата и на транспарентен начин треба да бидат користени како средства од Буџетот, вели Бектеши.

Според пресметките за туристички ваучер не може да аплицираат домаќинства со двајца вработени со минимална плата затоа што ќе го надминат износот од 30 илјади денари. Ќе може само семејства со еден вработен. Претходно хотелиерите реагираа зошто годинава за оваа мерка се издвоени само 250.000 евра во период кога има е потребна поголема финансиска инјекција за рестратирање на секторот. Од економија пак велат ако има потреба ќе бидат објавени и нови повици.

- Ќе почекаме да заврши сезоната и ако има потреба дополнително ќе ги помогнеме граѓаните со ниски приходи, а индиректно и хотелските капацитети во нашата држава, прецизира Бектеши.

Годинава ваучерите ќе бидат во износ од 200 евра и ќе има само за 1.250 апликанти. Ќе се делат по принципот прв дојден прв услужен или се до искористување на предвидената сума за мерката.