Десетици цивили, меѓу кои и деца, убиени во борби во близина на Дамаск

Новинската агенција ДПА јавува дека 29 цивили биле убиени во неколкудневните борби околу населбата источна Гута во близина на сирискиот главен град Дамаск.
Областа со околу 400.000 преостанати жители е поделена меѓу неколку бунтовнички групи, а за контрола врз овој дел од метрополата се бори и сириската армија. Според ДПА, во изминатите два дена сириската војска ја нападнала населбата Харста, каде 18 цивили биле убиени во воздушни напади. Другите жртви биле убиени со артилериски напади, а меѓу убиените има и девет деца.
Како резултат на крвавата граѓанска војна во Сирија, областа источна Гута е практично под опсада и луѓето што не успеале да побегнат на време се соочуваат со глад и постојани судири со сириската армија, и меѓу спротиставените бунтовнички групи. Сириската армија неодамна дозволи евакуација на 29 тешко болни лица од оваа област.
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
