Балкан
11. March 2024 - 9:53

Десетгодишни близнаци пронајдени мртви во својот дом близу српската граница

Десетгодишни близнаци се пронајдени мртви во нивната куќа во селото Деса во Долје, Романија, јавуваат тамошните медиуми.

Според првите резултати од истрагата. се претпоставува дека децата починале како последица од труење со јаглерод моноксид.

Во куќата утрово биле пронајдени безживотните тела на најмалите, а бабата била пронајдена во несвест и во тешка состојба е пренесена во болница.

Според романските медиуми, момчињата живееле со баба им бидејќи татко им работи во странство.

Момчињата биле напуштени од нивната мајка кога имале само една година.

Засега не е познато како дошло до труењето.