Десет стихозбирки во конкуренција за наградата „Антево перо“

Стихозбирките „Премин“ на Димитар Арнаудов, „Семки“ на Ристо Маџунков, „Еквилибриум“ на Слаѓана Брезоска, „Камен за подзглавје“ на шифра Синец, „Читање на времето“ на Михајло Свидерски, „Кумова слава“ на Славе Ѓ. Димоски, „Соголен јазик“ на Марина Мијаковска, „Ангелот на авторот“ на шифра Мартолозот, „Светлина во верата. Вера во светлината“ на Милена Ристова Михајловска и „Двопој“ на Гордица Величковска се во конкуренција за наградата „Антево перо“.
Ова го одлучи жири комисијата за доделување на наградата во состав Венко Андоновски, претстедател, Кристина Николовска, Митко Гогов, Атина Цветаноска и Жорж Поповски, членови. Комисијата констатирала дека на конкурсот се пристигнати 65 авторски ракописи.
- Комисијата е воодушевена од одзивот за овој конкурс посветен на нашиот поетски великан Анте Поповски. На својот прв состанок Комисијата констатираше дека над 80 отсто од ракописите покажуваат висока поетска стилистика и рафиниран поестки вкус. Жири комисијата со задоволство констатира дека конкурсот не само што понуди респектабилни поетски остварувања, туку на некој начин поради бројноста на пријавените ракописи се доби и моменталната „крвна слика на македонската современа поезија“ со што се покажа дека таа поезија е една од водечките во регионот, посочуваат од Комисијата.
Ново на Сител
-

Велешанец се степал со 79-годишен дедо во угостителски објект во скопски Карпош
-

Скопјанка пријавена за закани кон поранешната шефица, оштетила врата од фирма и истурила запалива течност
-

Истите двајца за пет дена три пати нападнале малолетници во Штип, еден од нападите го снимале со телефон
-

Потрошувачката кошница над 58.000 денари, синдикатите против скратување на празниците
-

Утре дожд и силен ветер, нови врнежи се најавуваат и за викендот
-

18-годишниот Огнен кој пронајде и врати 4.000 евра доби плакета од градоначалникот на Делчево
-

Од четврток личната карта и возачката дозвола на мобилен
-

Бензинот поевтинува, дизелот останува ист - нови цени на горивата од полноќ
