Балкан
6. October 2016 - 22:10

Десет повредени во експлозија на бомба во Истанбул

Десет лица се повредени денеска во експлозијата на бомба во близина на полициска станица во Истанбул, што била поставена на мотоцикл, изјави гувернерот на провинцијата, Васип Сахин.

Според него, сите повредени лица се цивили, а полицијата во моментов истражува кој стои зад нападот во квартот Јенибосна, во непосредна близина на аеродромот.

Британските медиуми јавуваат дека претходно такви напади изведувале курдски, левичарски и исламистички екстремисти.

Турската телевизија НТВ емитуваше снимки од доаѓањето на службите за итна медицинска помош и припадниците на службите за безбедност кои се распоредени долж целата област околу аеродромот, пренесуваат британските медиуми.