Десет македонски винарници на саем во Дизелдорф
Македонски вина на 10 винарници од земјава се претставени на меѓународниот саем за вино ProWeine во Дизелдорф, Германија, што се одржува од 17 до 19 март.
На саемот учествуваат ВВ „Тиквеш“, „Сковин“, „Стоби“, „Далвина“, „Бовин“, „Камник“, „Езимит“, „Попов“, „Мовино“ и „Имако“, а во фокусот на претставувањето на годинашниот саем е сортата вранец.
Во рамки на саемот македонските винарници организираат специјални дегустации за бројните дистрибутери, увозници и професионални купувачи од целиот свет да ги осознаат уникатните карактеристики на вранецот. Овие дегустации се водени од Каролин Гилби, реномиран вински експерт и еден од најголемите познавачи на вината од земјите на Југоисточна Европа.
Дополнително, посебен дел од македонскиот национален штанд е посветен на оваа сорта, со изложување на 20 различни вина од десетте винарници, со цел да се прикажат можностите и различните стилови на производство. Вината произведени од сортата вранец изложени во специјалниот дел од штандот се организирани во три категории: вина произведени во инокс танкови, вина зреени во дабови буриња и вина создадени со комбинирање на вранец со друга сорта.
-Виното Вранец е наш најголем адут во напорите за градење препознатливост во меѓународни рамки и одвојување од останатите вински региони. Кон тоа придонесува и заедничкиот настап на саеми, со заеднички национален штанд што го посетуваат многу увозници и дистрибутери. Сепак, за етаблирање и препознатливост на македонското вино потребна е поширока стратегија фокусирана на виното како производ со додадена вредност. Виното е меѓу призводите со најголемо учество во бруто домашниот производ што го создава земјоделскиот сектор и непходно е да се посвети поголемо внимание во развојот на винската индустрија, истакна Елена Младеновска – Јеленковиќ, директор на здружението „Вина од Македонија“.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и оваа година преку мерките од Програмата за рурален развој овоможува поддршка за промоција на македонските земјоделски производи и храна, вклучувајќо го и виното. За таа цел годинава преку Програмата за рурален развој, со вкупно 60 милиони денари ќе се поттикне промоцијата на македонските земјоделски производи дома и во странство. Со овие средства ќе се поддржи учеството на домашни и странски саемски манифестации. Дополнително преку мерката Поддршка за маркетинг и промоција на земјоделски производи, МЗШВ нуди поддршка за заштитени ознаки за традиционални производи, отворање органски продавници, амбалажа на преработени земјоделски производи, изработка на маркетинг платформа и друго, велат од Министерството за земјоделставо, шумарство и водостопанство.
ProWeine еден од најголемите и најзначајните саеми на кој се среќаваат производителите на вино и купувачите кои ги претставуваат големите трговски синџири и угостителството. Овој саем секоја година привлекува повеќе од 60.000 посетители, а на саемот своите вина ги промовираат 6.873 изложувачи од 60 вински земји во светот.
Ново на Сител
-
Мицкоски во вински саем во Белград - Средба Мицкоски со Вучиќ
-
ЈСП има нафта за 7 дена - Што потоа? Владата ќе набавува електрични автобуси
-
Тема на денот со Методи Хаџи Јанев, професор по безбедност
-
Мицкоски во Белград на средба со Вучиќ и Вучевиќ
-
Силен ветар предизвика штети во Битола
-
Меѓусебна соработка за справување со корупцијата
-
Андовски: Граѓаните навреме да ги откажуваат термините за снимање за да не се создаваат листи на чекање
-
Протест пред Град Скопје, граѓаните се револтирани од јавниот превоз