-->
-->
Десет лица загинаа во напад во југоисточен Авганистан
-->
Најмалку десет лица загинаа, а над 50 беа ранети во самоубиствен напад на крикет натпревар во југоисточен Авганистан, соопштија локалните власти.
Нападот во провинцијата Пактика, извршен вчера со автомобил-бомба, веројатно бил насочен против локалните власти, кои дошле да го следат натпреварот.
Во сличен напад за време на натпревар по одбојка во истата провинција минатата година загинаа најмалку 50 лица.
Во меѓувреме талибанските борци почнаа денеска нов надпад врз главниот град на северната провинција Кундуз.
Од шест часот изутрината во центарот на градот Кундуз се слушаат истрели од тешка артилерија и автоматско оружје, а владините сили го спречуваат навлегуваето на бунтовниците.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица