-->
-->
Десет лица повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово - Свети Николе
-->

Десет лица се повредени во сообраќајната несреќа меѓу комбе и камион што синоќа се случила на регионалниот пат Куманово - Свети Николе.
Од Клиничката болница во Штип изјавија дека осум од повредените се задржани на Одделот за хирургија, а две лица се пренесени на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Дел од повредените се со полесни, а дел со потешки повреди.
Од Противпожарната бригада во Свети Николе информираат дека пожарникари вчеравечер околу 21 часот извлекувале повредени од возилата, по што тие биле преземени од Итната медицинска помош.
Се очекуваат официјални информации и од Министерството за внатрешни работи.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
