Десет лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје

Десет лица се полесно повредени во шест сообраќајни незгоди, а материјална штета е причинета во шест сообраќајки кои се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје.
Сообраќајната полиција денеска соопшти дека во текот на изминатиот ден откриени и санкционирани се поголем број прекршоци. Дванаесет возачи возеле без возачка дозвола или возилото им било нерегистрирано, тројца поминале на црвено светло и 10 возачи не го користеле сигурносниот појас или зборувале на мобилен телефон додека возеле.
Затекнати се и 65 непрописно паркирани возила и 19 пешаци кои поминале надвор од обележаниот пешачки премин или на црвено светло на семафор. Со помош на специјалното возило пајак отстранети се 76 возила.
Одделението за превенција при СВР Скопје денеска со почеток во 19 часот во просториите на полициската станица во Гази Баба ќе одржи сообраќајна поука на која ќе присуствуваат граѓани кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.
Во рамки на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ ќе се реализираат едукативни работилници во ООУ „Лазо Ангеловски“ со учениците од четврто одделение, кое се наоѓа на подрачјето на општина Аеродром.
За денеска со почеток во 18:45 часот во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во рамки на Лигата на шампиони ќе се одигра меѓународниот ракометен натпревар меѓу Металург и Монпеље од Франција. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, од сообраќајната полиција најавуваат дека ќе бидат превземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и во зависност од моменталната состојба можно е и пренасочување на сообраќајот.
Ново на Сител
-

СП 2026: За два натпревара – 30.000 евра
-

Од понеделник променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд
-

Иран повторно ја затвори Ормуската Теснина
-

Еден пожарникар повреден при гаснење пожар во Визбегово
-

Уапсен 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
-

Спор меѓу Вашингтон и Рим по изјавата на Трамп дека Мелони го „молела“ заедно да се сликаат
-

Приведен 67-годишник од Штип, пробал со сила да бакне 16-годишна девојка
