-->
-->
Десет дена подготовки за дуелот со Букурешт
-->
Ракометарките на ЖРК Вардар вчера постигнаа висока победа од 37:25 во дуелот со шведскиот тим Савехоф. Триумфот беше очекуван и со новите два бода и поразот на Букурешт во Унгарија (28:22) „вардарки“ се пробија на третото место на табелата во групата 2.
По дуелот тренерот на ЖРК Вардар Индира Кастратовиќ истакна:
- Со ова покажавме дека можеме и не смееме да застанеме тука. Имаме 10 дена за подготовка за следниот дуел и почнуваме да размислуваме за Букурешт. Едно е јасно дека Вардар може да игра, но проблемот е да го покаже своето вистинско лице со секој ривал и на секој терен. Треба вака да продолжиме и веќе на следниот натпревар во Букурешт одиме без бело знаме.
Следниот натпревар ЖРК Вардар го игра на 16.февруари во Букурешт против истоимената романска екипа што претставува и директен дуел за третото место во групата во овој момент.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Цените почнаа да растат – дел од маркетите со нови ценовници
-
Преглед на вестите од светот
-
Таравари: Ние не сме чамец за спасување
-
Прв етимолошки речник во македонскиот јазик
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, Транспаренси Интернешнл Македонија
-
Партнерот на Рамајана ја убил пред 5-годишната ќерка
-
Пред утрешната средба, Мицкоски бара Таравари јасно да каже дали соработува со Ахмети