Дерби со Албанија за првото место

Македонската футсал репрезентација ја оствари втората победа на претквалификацискиот турнир за пласман во следниот круг квалификации за Светското првенство.
Во спортскиот центар „Јане Сандански“, Македонија убедливо со 7:0 го совлада репрезентативниот футсал тим на Сан Марино. Нашата селекција целосно ја оправда улогата на фаворит и в недела против Албанија ќе решава за првото место во групата.
На вечерашниот дуел против Сан Марино се беше јасно веќе по првите 180 секунди кога обезбедивме два гола предност, откако мрежата на противникот ја погодија Седат Зибери и Иван Крстевски. Александар Глигоров по пет минути игра зголеми на 3:0, а четвртиот гол го постигна Еркан Сефери. Најзаслужен за новиот, петти погодок во мрежата на Сан Марино во првото полувреме беше Зибери, откако прекрасно асистираше до стрелецот за 5:0, Димче Андов.
Во второто полувреме, Македонија го задржа ритамот, создаваше шанси и постигна нови два гола. На 6:0 зголеми Леовски, а капитенот Левески зголеми на конечни 7:0.
На првиот денешен натпревар од групата, Албанија ја совлада Грција со 5:3. В недела од 20:00 часот, Македонија и Албанија во меѓусебен дуел ќе решаваат за првото место во нашата група.
Ново на Сител
-

Зголемено нивото на повеќе реки
-

Стопанска комора: Блокадите на граничните премини не се решение, ќе го нарушат протокот на стоки и снабдувањето
-

Трамп: Американските сили во операцијата за апсење на Мадуро употребија тајно оружје
-

Прекин на товарниот сообраќај на граничните премини, МВР ќе обезбеди непречен сообраќај за патничките возила и автобусите
-

Тројца загинати, две исчезнати и седуммина повредени во пожар во фабрика во грчкиот град Трикала
-

Обама: Убиството на Прети е повик за будење за секој Американец
-

Германија против Данска во дербито на денот на ЕХФ Еуро 2026
-

Најмалку седум лица загинаа во зимската бура што ги погоди САД
