Македонија
17. March 2017 - 14:53

Денови на кочанскиот ориз од 25 септември до 1 октомври

Манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ ќе се одржи од 25 септември до 1 октомври, беше одлучено на денешната работна средба на Комисијата за култура, спорт и права на децата на општина Кочани и Одборот за организирање на манифестацијата.  

- Традиционалните културни содржини, како што се изборот на жетварска убавица, зажнејувањето, фолклорните ансамбли и годинава ќе бидат дел од програмата на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“, но секако дека ќе вметнеме и нови содржини кои што ќе бидат изненадување за граѓаните, рече Аника Илијевска – Ѓоргиева од Одделението за јавни дејности на општина Кочани.

Од останатите содржини во манифестацијата, истакна Илијеска - Ѓоргиева, се очекува учество на бројни фолклорни ансамбли од збратимените градови со Кочани од повеке европски земји, како и изложби, промоции на книги.

Манифестацијата финансиски ја поддржува општина Кочани со средства од сопствениот буџет.