Денови на филигранство

Во организација на Занаетчиската комора- Скопје од денеска до 8 мај ќе се одржат „Денови на филигранството“.
На манифестацијата ќе биде претставен и промовиран филигранскиот занает, кој е дел од македонската традиција, ќе се презентираат многубројни изработувачи на накит од филигран, накит од монистра, полудраги и драги камења, оргонит.
Филигранскиот накит е спој на филигранските техники и вештини и дизајнот, спој на традиционалното и современото – уметничко дело кое ја отсликува нашата култура.
Според Комората, целта на настанот e на едно место да се презентира уметноста, креативноста, дизајнот и умешноста на вредните раце на ракотворците, кои ја испреплеле традицијата, културата на живеење со современото и модерно живеење и создале нешто единствено и вредно.
Во рамки на тридневниот настан, кој ќе се одржува во Скопје Сити Мол, а ќе го отвори претседателот на Занаетчиската комора на Македонија Никола Петров, посетителите ќе имаат можност директно да видат како се изработува филигранот и да дознаат дел од тајните на овој познат и тежок занает.
Ново на Сител
-

Сомнежи за труење во ООУ „Невена Георгиева – Дуња”, 20-тина деца и наставник побарале лекарска помош
-

Од утре Владата очекува поевтин дизел за 6,5 денари и бензин за 1,5 денар по литар
-

СДСМ: Народот секој ден живее полошо, а мерки од Владата нема
-

Филипче: Преговорите за ЕУ зависат само од власта
-

Николоски: Првите километри од автопатот Прилеп-Битола готови следната пролет, за еден месец меѓуградски воз помеѓу двата града
-

Еколошката „бомба“ кај Пробиштип конечно ќе се санира
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Воислав Димитровски, директор на „Лајка“
