Денови на духовната култура на Русија во Македонија

Со настап на хорот „Јарославија“ од Јарославската државна филхармонија вечер во 19 часот во Домот на АРМ во Скопје ќе бидат отворени Деновите на духовната култура на Русија во Македонија.
Овој меѓународно реномиран хор кој доаѓа од древниот руски град Јарослав, ги продолжува најдобрите традиции на руската хорска изведувачка школа. Уметнички раководител и диригент е Владимир Контарев. На концертот ќе се слушнат класични хорски нумери од руски композитори, како и литургиски песнопоенија.
Во рамки на манифестацијата, која е во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Македонија, претходно, во 17 часот во Порта Македонија ќе биде отворена изложба на детски слики „Душата на Русија“.
Наредниот ден концерт во Фојаето на Македонската опера и балет ќе одржи детското уметничко друштво „Отрада“ од Черноостровскиот манастир кој ќе биде дел од годинашната придружна програма на Мајските оперски вечери, насловена „Мали Мајски оперски вечери“..
Инаку, на 27 мај хорот Јарославија ќе одржи концерт и во црквата „Св.Софија“ во Охрид, а ансамблот „ГРАД-Квартет“, пак, ќе одржи концерт во големата сала на Центарот за култура во Битола.
Деновата на духовната културана Русија во Македонија ќе продолжат во текот на целиот месец, а ќе завршат со концерт на познатот руски ансамбл „Рус“ на 18 јуни. Влезот за сите манифестации ќе биде бесплатен.
Деновите на духовната култура на Русија во Македонија се организираат во рамки на програмата на Руската амбасада по повод Денот на рамноапостолните браќа Свети Кирил и Методиј. вг/07:30
Ново на Сител
-

Во прекин сообраќајот на ГП Евзони (Богородица), нормализиран на преминот Ники (Меџитлија), непречено се одвива на ГП Дојран
-

Вандалски чин во центарот на Штип, оштетна урбана опрема и новогодишни декорации
-

Ѓорѓиевски: Се унапредува спортската инфраструктура во скопските средни училишта
-

Зеленски: Наскоро ќе им доставиме на Американците финализирана верзија од мировниот план
-

Сиљановска-Давкова го одликуваше американскиот генерал-мајор Најт со Орден за воени заслуги
-

Со 3,66 промили алкохол во крвта агресивно се однесувал кон полицајци
-

Вучиќ: Ќе предложам ЕУ заедно да ги прифати сите кандидати од Западен Балкан
-

Мицкоски: Додека сум јас премиер нема да никне ниту еден шатор со илегални мигранти и нема да биде примен ниту еден мигрант
