„Денови на детски филм“ низ градовите во Македонија
Во над 10 градови низ Македонија во текот на април и мај ќе бидат прикажани четири анимирани филмови за деца во рамки на проектот „Денови на детски филм“ што го организира продукциската и дистрибутерска куќа „Узенгија“.
Филмовите се синхронизирани на македонски и на албански јазик и се наменети за најмладите од 4 до 10 годишна возраст.
Филмовите ќе бидат прикажани во Гостивар, Делчево, Куманово, Неготино, Прилеп, Струга, Тетово, Велес, Охрид, Штип, Гевгелија, Битола и Кавадарци.
„Деновите на детски филм“ почнаа од Скопје минатиот викенд кога во киното „Фросина“ на Младинскиот културен центар беа прикажани „Пим и Пом - Големата авантура“ и „Детето фантом“. Во текот на мај планирано е во повеќе центри на културата низ државата да бидат прикажани анимираните филмови „Големата мечка“ и „Тор и легендата за Валхала“.
Синхронизацијата на филмовите е поддржана од Агенција за филм на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Љупчо Коцевски, Државен јавен обвинител
-
22 објекти имаат важечки лиценци во цела држава, утврдиле пазарните инспектори
-
Мирен собир во Струмица
-
Мирен собир на Градскиот плоштад во Скопје
-
Мирен собир во Кочани
-
Инспекцијата влезе во Општина Кочани, расте бројот на притворени
-
Тошковски ги разреши началниците од Штип и Кочани
-
Склад за гориво пронајден во непосредна близина на дискотеката