Денот на пожарникарите одбележан во Велес

Територијалната противпожарна единица на Велес денеска со две показни вежби во кругот на пожарната свечено го одбележа Денот на пожарникарите 20 Мај.
Според Љупчо Лепидовски командир на ТППЕ Велес едукацијата и превенцијата за заштита од пожари се нивна првенствена заложба. Информира дека во изминатите неколку години посебно работеле на едукација на учениците, вработните во училиштата, болниците, како и станарите во висококатниците.
- Ние разговараме со граѓаните што се треба да преват како превентива за да не дојде до, пожар. Разговараме и за опасностите кои демнеат и како и самите да интервенираат при случај на пожар, а при тоа и нас да не повикаат и заеднички да го гаснеме пожарот. Посебно им препорачуваат на станарите во висококатниците да ги чуваат исправни хидрантите и скалите во случај на опасност да бидат слободни за движење. На граѓаните им порачуваме да не чуваат бензин, нафта и други запаливи материи во подрумите, а кои се голема опасност од пожари, истакна Лепидовски.
Најави дека во следниот период ќе спроведат превентивна едукација за заштита од пожари со сите категории на граѓани.
Градоначалникот Славчо Чадиев потсети дека ТППЕ е под ингеренции на Општина Велес, но дека бара помош и од надлежните министерства за дотирање на средства за набавка на нова опрема и нови вработовања.
- Ние успеавме да вработиме четири нови пожарникари кои сега ги обучуваме. Но бидејќи сме голема општина од сегашните 23, нам ни е потребно ТППЕ да има, минимум 44 пожарникари. Затоа во наредниот период ќе се залагаме и за уште нови вработувања, изјави Чадиев.
Пред присутнитесе одржаа и две показни вежби на гаснење на пожар на отворен простор и спасување на ученици од запален автобус, при што единицата на ППЕ од Велес на дело ја искажа својата добра подготвеност брзо и ефикасно да интервенира при вакви и слични несреќи.
Ново на Сител
-

МОН воведува нови стипендии - за втор и трет циклус на студии по македонски јазик
-

Субвенции за енергетска ефикасност: Граѓаните сè повеќе инвестираат во инвертер клими, а интересот за гас значително опаѓа
-

Велешанец пронајден мртов во помошна просторија од домот
-

Трамп: Негативна одлука на Врховниот суд во однос на царините би било закана за националната безбедност
-

Кавадарчанец со „мерцедес“ возел 96 километри на час на место каде ограничено е на четириесет
-

Ѓорѓиевски-Ле Риголер: Претставена визијата за долгорочен развој на Скопје, заснована на одржливи политики, европски стандарди
-

Клековски: Нема доцнење во исплатата на надоместокот за породилно отсуство и на капитациите за матични доктори
-

ВМРО ДПМНЕ и денеска негира дека Македонија ќе прифаќа мигранти од Велика Британија
