-->
-->
Деница од Тетово го расплака жирито на „Malta’s Got Talent“
-->
Поседувајќи неверојатен музички талент, 32-годишната Деница од Тетово настапуваше на музичкото натпреварување „Малта има талент“ (Malta’s Got Talent), кое е издание на една од најпопуларните емисии „Британија има талент“.
Скромната Деница со својот настап буквално го расплака жирито.
Талентираната Деница како што раскажалa, пред пет години со ранецот на рамо одлучила да ја истражи Малта. Меѓутоа, таа се вљубила во Малта и решила да живее таму.
Кога еден од членовите на жирито ја праша од каде е по потекло, Деница гордо кажа дека е Македонка.
Својот емотивен настап ѝ го посвети на мајка си, која починала пред 20 години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот