Денеска завршува ограничувањето на трговската маржа на основните прехранбени производи
Денеска завршува владината мерка за ограничување на трговската маржа на основните прехранбени производи која беше воведена за време на кризната состојба.
Од организацијата на потрошувачи велат дека Владата мора од 1 јули да внимава затоа што трговците ќе имаат „одврзани раце“ и ќе можат да ја зголемат цената на лебот, шеќерот, млекото, јајцата и другите производи.
Од Министерството за МИА велат дека се следи состојбата со цените на суровините и енергенсите на светските берзи, но и нагласуваат дека долгорочна примена на трговски маржи во услови кога не постои неизвесност на перманентен раст на берзанските цени може да доведе до спротивен ефект на пазарните услови поради наметнување државна контрола на цените и намалување на конкурентноста.
- Доколку пазарот оцени дека треба да има продолжување на рокот, тоа ќе го спроведеме. Засега ја следиме состојбата со цените на суровините и енергенсите на светските берзи. Тие цени главно ќе ги диктираат условите и потребата од продолжување на мерката или пак ќе оставиме производителите и трговците да покажат општествена одговорност кон потрошувачите по завршување на рокот на мерката, наведуваат за МИА од Министерството за економија.
Ново на Сител
-
Грција и Италија ќе инвестираат над 700 милиони евра во грчката железница
-
Тајани: Путин треба да одлучи дали ќе има мир во Украина
-
Песков: Јазикот на ултиматум е неприфатлив за Русија
-
Франција мора да прифати илјадници работници мигранти за да го зачува својот социјален модел
-
Кривична пријава против две вработени во Управни работи во Куманово за несовесно работење во службата
-
Приведени две лица од Кавадарци, пронајдена е дрога
-
„Блумберг“: Трамп станува сојузник на Европа во мировната офанзива за Украина, се спремаат „поразителни“ за Москва
-
МВР: Секој има право да протестира, незадоволството не е насочено кон Министерството