-->
-->
Денеска во Москва ждрепка за СП 2018 година
-->
Вниманието на целокупната светска фудбалска јавност денеска е насочено кој Москва, каде ќе се одржи ждрепката за изгледот на групите за Светското првенство 2018 година во Русија.
На рускиот Мундијал ќе настапат 32 земји кои ќе бидат распоредени во четири шешири пред извлекувањето на групите.
Во првиот шешир се сместени: Русија, Германија, Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија, Полска и Франција.
Втор шешир: Перу, Шпанија, Швајцарија, Англија, Колумбија, Мексико, Уругвај и Хрватска.
Трет шешир: Иран, Сенегал, Египет, Тунис, Шведска, Костарика, Данска и Исланд.
Последниот (четврти) шешир го сочинуваат: Србија, Нигерија, Австралија, Јапонија, Мароко, Панама, Јужна Кореја и Саудиска Арабија.
Селекциите ќе бидат поделени во осум групи по четири репрезентации.
Свечената церемонијата, како и ждрепката за СП ќе започне од 16 часот, а ќе се одржи во Кремљ.
Мундијалот во Русија ќе се игра од 15 јуни до 14 јули 2018. Бранител на трофејот е Германија, а за прв пат на завршницата ќе настапат Исланд и Панама.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Скопје пронајдена дрога кај две млади лица
-
Мицкоски: Наместо за нешто друго, сега државата ќе враќа 50 милиони евра за нечии хирови
-
Пратеник од Западна Австралија го смени своето име во Оси Трамп
-
Познатата глумица Блејк Лајвли повторно обвинета за клевета
-
Русија и Украина извршија напади врз воени аеродроми
-
Барак: Планот на Трамп за Газа е „фантазија“
-
Три лица каснати од кучиња скитници, меѓу нив и малолетник
-
Продолжува период на стабилно и суво време со студени утра, со услови за магла во котлините