Денеска се слави Свети Ѓеоргиј - Еве што никако не треба да правите
Денеска е Пренесувањето на моштите на свети великомаченик Ѓорѓи од Никомидија во Лида Палестинска.
Овој празник поврзан со името на свети Георгиј Победоносец му припаѓа на есенскиот циклус празници и е поврзан со домашни служби. Овој празник е востановен во чест на обновувањето и осветувањето на храмот посветен на овој голем светител.
Празникот Св. Георгиј-Ѓурѓиц е поврзан со името на Светиот великомаченик Георгиј-Победоносец чиј главен празник е на 6 мај според новиот (односно на 23 април според стариот) календар. Иако празникот Ѓурѓовден е голем пролетен празник, поврзан и со будењето на природата, во овој период на годината нема празници поврзани со домашни служби. Поради тоа во есенскиот дел од годината кога има повеќе вакви празници, има и два празника поврзани со името на Св. Георгиј-Победоносец, кога, исто така, се одржуваат домашни служби. Овој празник е поврзан со обновувањето храмот на Св. Георгиј и е познат под името Ѓурѓиц.
Според народните верувања од денес до 24 ноември, временските прилики ќе ни покажат каква ќе ни биде престојната зима.
Ако деновите се магловити, зимата ќе биде променлива и магловита, но ако биде ведро -зимата ќе биде остра и со многу мраз.
За време на овие денови ништо од куќата не треба да се дава. Не треба да се преде волна и ништо не се пере. Коријачите и чевларите одмараат, додека жените не треба да работат рачни работи.
Ново на Сител
-
Реформа на администрацијата
-
Средба Сиљановска – Филипче
-
Тема на денот со Александар Николовски, министер и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ
-
37 години чекала бебе – скопјанка за прв пат роди на 61 и е највозрасната прворотка во Македонија
-
Средба Сиљановска - Филипче
-
Борисов се откажува од премиерската позиција, со олеснување ќе го врател мандатот
-
Европската Унија му донираше еколошки автобуси на ЈСП
-
Најголем дел од банките ќе се вклучат во владиниот проект за унгарскиот кредит