Денеска се празнува светецот кој беше прогнат и во прогонство го заврши својот живот
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 мај.
Денеска е Преподобен Никита Халкидонски.
Овој светител засвети на земјата во времето на иконоборството. Од млади години се имаше повлечено во манастир. Неговата огнена љубов кон Христа од него набргу направи висок духовен светилник кој беше забележан од раководителите на црквата, па Никита беше избран за епископ на градот Халкидон. Кога на византискиот трон дојде иконоборечкиот цар Лав Ерменецот, скоро сите правоверни отци требаше да бидат прогонети. А тоа се случи и со Никита, кој отворено ја исповедаше правата вера и го прекоруваше царот за неговото отстапување. Свети Никита беше прогнат и во прогонство го заврши својот живот, преселувајќи се во веч¬ните живеалишта на својот Господ, Исус Христос.
Ново на Сител
-
Полицијата викендов во контроли на угостителски објекти во Куманово, констатирани прекршоци
-
Енормно зголемена потрошувачката на вода во Скопје, можни се рестрикции и намален притисок
-
Струшките плажи и годинава без спасители на вода
-
За шест часа казнети 600 возачи
-
Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари
-
Николоски: Започна да се користи новиот автопат од Врбјани до Ботун, следуваат нови прокети
-
Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари
-
Двајца мртви и повеќе повредени во пукотници во Кентаки