Денеска се празнува Св. Апостол и Евангелист Матеј: Честит именден Мате, Матеј, Матеја…
Денеска е Св. апостол и Евангелист Матеј.
Светиот апостол и евангелист Матеј се викал Ливиј и бил цариник. Во тоа време цариниците и луѓето што собирале данок биле презрени и омразени од Јудејците поради тоа што од Божјиот народ собирале пари за неверникот окупатор односно за римските власти.
Кога Свети Јован Крстител го подготвувал народот за доаѓањето на царството небесно, односно кога ги повикувал луѓето да се покаат, најавувајќи го доаѓањето на Спасителот многумина цариници и порезници дошле кај него прашувајќи го што да прават. На тоа тој им одговарал: „Не земајте повеќе од одреденото“.
После Христовото вознесение бил избран за дванаесетти апостол, на местото на предавникот Јуда. Откако врз апостолите слегол Светиот Дух, тие се распрснале по светот да го проповедаат Евангелието.
На Матеј му се паднало да проповеда во Партија, Мидија и Етиопија. Најпосле, пострадал маченички за Христа, во Етиопија.
Именден денеска празнуваат: Матеј, Мате, Матеја…
Ново на Сител
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток
-
Почнуваат велигденските празнувања