Денеска продожува судењето за убиството на Вања и Панче
Денеска продолжува судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес, извршено на крајот од ноември, минатата година.
Најавено е сведочењето на мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска.
Четворицата обвинети Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишов претходно се изјаснија за невини. Мајката на Вања побара исклучување на јавноста за да се заштити приватноста на семејството, но судот сепак не го прифати нејзиниот предлог.
Според обвиненијата, обвинетите испланирале грабнување на девојчето за да принудат член на семејството да плати откуп. Грабнувањето и убиствата, се случија во ноември 2023 година. Првообвинетиот Палевски, тогаш избега во Турција и таму полицијата го уапси во градот Баликесир. Целиот регион беше шокиран од исчезнувањето на девојчето, но и од фактот кој потоа се откри, дека се работи за двојно убиство.
Пред рочиштето, еден од обвинетите, Боре Видевски, по неколкудневниот престој во болница е вратен во затворот „Скопје“ во Шутка и е во добра здравствена состојба.
Претходно закажаното судско рочиште за овој случај беше одложено поради престојот на Видевски во Клиниката за нефрологија, кој имал проблеми со бубрезите.
Ново на Сител
-
Наутро студено, во текот на денот сончево со температури до 19 степени
-
Упорноста ни донесе милионски прегледи | Браќа Арџиќ | ПРОфесија | Sitel Podcast 067
-
Мицкоски очекува утре институциите да објават податоци кои се потврда на политиките на краток рок
-
Американски медиуми: Демократиоте во шок по поразот на Харис од Трамп
-
Четворица мигранти загинаа во близина на грчкиот остров Родос
-
Новиот лидер на Хезболах, Касем: Не е можно Израел да победи во војната
-
Републиканците го зголемија своето ново стекнато мнозинство во Сенатот на 52 места
-
Барањето на приватните превозници причина за ново препукување меѓу Град Скопје и претседателот на Советот