Денеска пресуда за 23-годишната велешанка која во самоодбрана го уби насилниот партнер
Денеска судот во Велес ќе ја донесе пресудата за Павлинка Илоска која се товари за убиство на миг. Случај кој ја потресе јавноста, откако се дозна дека таа била малтретирана од својот партнер, и на кој во миг на самоодбрана, му нанела фатална рана со нож.
Вчера се одржа првото рочиште за овој предмет, се изведоа доказите, а беа дадени и завршни зборови. Илоска рече дека не се чувствува виновна. Обвинителката повтори дека Илоска се товари за кривичното дело „убиство на миг“, но побара Судот да ги земе предвид и олеснителните околности и тоа што обвинетата е младо лице, не е осудувана во минатото и повеќе години трпела семејно насилство од оштетениот.
Одбраната смета дека 23-годишната Илоска треба да биде судена за нужна одбрана, односно дека убиството го направила во самоодбрана.
Во одбрана на Илоска веќе застанаа невладини организации и хелсиншкиот комитет кои велат дека обвинетата треба да се товари за полесно кривично дело, направено во самоодбрана, а не убиство на миг кое препишува затворска казна од една до пет години.
Ново на Сител
-

Трамп удри по CNN, NBC и други телевизиски гиганти, истрага поради бојкот на Белата куќа
-

Во Претор најмногу врнежи, најстудено на Попова Шапка и во Берово
-

Трамп: Путин сака мировен договор, а Зеленски – не
-

Најмалку 12 загинати и стотици повредени во нападот врз аеродромот во Ријад, осуда од САД и ОН
-

Товарен воз излета од шините кај Риека, 11 вагони завршија во провалија
-

Поменливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Очевидци: Повеќе лица се повредени во експлозијата на аеродромот во Ријад
-

Кристијано Роналдо заработи суспензија од Португалската федерација
