Македонија
26. December 2017 - 10:04

Денеска православните верници ги празнуваат овие светци

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 декември.

Денеска е Св. маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест.

Овие петмина пострадаа во времето на императорот Диоклецијан. Евстратиј беше римски војсководец во градот Саталион, а Евгениј му беше другар во војската. И Орест беше римски војник. Авксентиј, пак, беше свештеник, а Мардариј обичен граѓанин. На едни им беа отсечени главите, а другите умреа при измачувањата. Подоцна, моштите им беа пренесени во Цариград и положени во црквата Свети Петочисленици, по¬светена на овие петмина сведоци за Христа.