-->
-->
Денеска напладне запираат вонредните мерки за загадување
-->

По добената информација од МЖСПП, Град Скопје ги известува граѓаните дека денеска од 12 часот се укинуваат вонредните мерки меѓу кои сe и бесплатниот јавен превоз и поскапениот паркинг, како и интервентните препораки за намалување на загадувањето на воздухот што беа воведени на 27 јануари 2020 година.
На мерните станици во главниот град среднодневните концентрации на ПМ10 честички во воздухот се под дефинираниот праг на алармирање од 175 µг/м3 и соодветно на тоа епизодата со зголемено загадување во текот на два последователни дена е прекината.
Овие мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот ќе се воведат повторно доколку се повтори епизодата со загадувањето на воздухот, а за што граѓаните ќе бидат навреме информирани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Eлектрични тротинети ќе возат само полнолетни, не побрзо од 20 км/ч
-

Тема на денот со Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд
-

Пратениците не ја прифатија интерпелацијата за работата на министерот Тошковски
-

Преглед на вестите од светот
-

По третпат интерпелација за Тошковски во Собранието
-

Бугарскиот амбасадор повикан во македонското МНР за дипломатската нота за семејството на премиерот
-

„Везилка“ почнува со работа
-

Филипче: Загрозен вториот пензиски столб, дупката во ПИОМ е 40%
