Loading Video...
Свет
1. July 2023 - 17:05

Денеска ќе се одржи погребот на Нахел, чија смрт предизвика протести во Франција

Погребот на 17-годишниот Нахел, чија смрт предизвика насилни протести во Франција, ќе се одржи денеска, а семејството на младиот човек ги замоли медиумите и јавноста да не присуствуваат на службата.

Снимките од париските преградија утрово говорат за нивото на бес кое демонстрантите и вчера го истурија на француските улици. 

Според последниот извештај на француското МВР, билансот од четвртата ноќ на немири низ Франција е 994 апсења, повредени се 79 полицајци, а нападнати се 31 полициска станица и 11 касарни на жандармеријата.

Украинската контраофанзива против Русија напредува побавно од што се очекуваше, тврди еден од првите луѓе во американската армија, Генералот Марк Мајли.

Украинскиот Претседател Зеленски вчера издаде наредба за зајакнување на безбедноста на границата со Белорусија поради опасност од групата Вагнер, чиј лидер се претпоставува дека е во оваа земја.

Шпанија денеска од Шведска го презема ротирачкото претседавање со Советот на ЕУ, соопшти Европската Унија.

Со шпанското претседателство започнува новата претседателска тројка, вклучувајќи ја Белгија која ќе претседава во првата половина и Унгарија во втората половина на следната година.

Триото дефинира долгорочни цели и подготвува заедничка програма со која се дефинираат темите и главните прашања со кои Советот ќе се занимава во период од 18 месеци.

Ова е петто претседавање со Шпанија, која стана членка на ЕУ во 1986 година.