Македонија
6. January 2020 - 8:49

Денеска и утре ЈСП ќе вози по неделен возен ред

Денеска и утре автобусите ќе сообраќаат по неделен зимски возен ред, а жичарницата на Водно отворена за посетители ќе биде од 10 до 17 часот.
 
Денеска линијата 25 кон Средно Водно ќе сообраќа по делничен зимски возен ред, додека линиите 25А и 25Б нема да сообраќаат. На 7 јануари (Божик, вторник) сите три линии кон Средно Водно ќе возат по неделен зимски возен ред.
 
Од ЈСП – Скопје информираат дека на денеска и утре дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Зелен пазар од 7 до 19 часот и во Ѓорче Петров од 7 до 13 часот.