-->
-->
Денеска е значаен празник- за чудата на маченикот Теодор и ден денес се зборува
-->
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 8 февруари.
Денеска е Св. великомаченик Теодор Стратилат.
Свети Теодор живееше и пострада во четвртиот век, кога управата во Рим беше поделена на царевите Константин и Ликиниј. Последниов владееше со источниот дел. Во тоа време Теодор, прочуен по својата мудрост и храброста, беше војвода на градот Ираклија. Сакајќи да го погуби, безбожниот Ликиниј дојде во Ираклија и на плоштадот на градот побара војводата да положи жртви пред идолите што самиот си ги имаше донесено. Свети Теодор го одложи жртвувањето за два дена, за време на кои ги раскрши златните и сребрени идоли и ги раздаде на сиромашните. Кога Ликиниј дозна за тоа го стави војводата на големи маки и најпосле му ја отсече главата.
Освен денес празникот се слави двапати во годината, а втор пат на 8 јуни се празнува преносот на неговите мошти од Ираклија во Евхаита, зашто свети Теодор му заветуваше на својот слуга Вар кога страдаше: „Телото мое положи го во Евхаита, на имотот на моите претци.“ Свети Атанасиј Синајски запиша едно чудо од иконата на свети Теодор. Во местото Карсата близу Дамаск имаше една црква посветена на свети Теодор Стратилат. Кога Сарацените го покорија Дамаск, една група Сарацени со жените и децата се населија во таа црква. На ѕидот имаше фреска со ликот на свети Теодор. Еден од Сарацените зеде стрела и со неа го удри лицето од ликот на светителот. Одеднаш од лицето потече крв. А наскоро потоа сите Сарацени од оваа група изумреа во црквата. Свети Атанасиј вели дека самиот лично бил во таа црква и го видел ликот на светителот со траги од засирена крв.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Путин испрати новогодишни честитки до Орбан и Фицо, изоставувајќи ги останатите западни лидери
-
Леброн Џејмс денеска полни 40 години
-
Потврдена пресуда против Трамп за сексуално злоставување
-
Агелер за Груби: Важно е луѓето да бидат повикани на одговорност за нивните дела, се надевам дека тој е еден од нив
-
ОЈО ГОКК донесе наредба за распишување потерница и предложи притвор за Васко Ковачевски
-
Судскиот совет на РСМ ќе избира нов претседател на 3 јануари
-
19-годишен возач прегази малолетен пешак во тетовско
-
Таткото и мајката на детето кое изврши убиства во ОУ „Владислав Рибникар“ осудени на 14,5 и на три години затвор