Македонија
25. May 2018 - 16:13

Денеска е задушница - колони од верници со возила ги блокираа пристапите кон гробиштата

Православните верници ја одбележуваат Задушница.. Тие сеќавајќи се на покојните, на овој ден се молат за простување на нивните гревови.. Се посетуваат гробовите на најблиските, се пали свеќа – ова е ден посветен на молитиви за покојните роднини и пријатели.. На Задушница се изнесува и храна на гробиштата која се дели на луѓето кои ги посетуваат гробиштата.. Според верувањата, денес душите на покојните доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалок, облека..

Огромниот број на луѓе кое ги посетуваат вечните почивалишта на своите блиски, утринава создаде колони возила кон градските гробишта Бутел.. Иако МВР најави кружно одвивање на сообраќајот, изостана времениот режим..

Инаку Празникот Задушница му претходи на Духовден или познат како Педесетница.. Тој припаѓа во групата од 12 најголеми христијански празници.. Според обичаите, на Духовден не се спие, роднините на починатите седат цела ноќ на гробишта а е задолжително и носење на глинени садови кои се даваат на блиските..